Постојат различни тврдења за тоа кога треба да се конзумира смути. Некои нутриционисти советуваат смути да се зема наместо појадок, а другите како ужина после калоричен појадок.
Кои и совети да ги послушате, нема да погрешите доколку смути ви замени желба за слатко и ужинка, но може да има и доволно хранлива вредност да ви замени цел оброк.
Се зависи од тоа кои состојки ги комбинирате.
Ние ви предлагаме рецепт за денешно смути за забрзување на метаболизам и снабдување на организмот со сите потребни хранливи состојки, витамини и минерали.
Потребно е:
- 1/2 банана
- 1 јаболко
- 1/2 морков
- цеден сок од еден лимон
- 1/2 манго
- 3-4 гранчиња брокула
- 1 киви
Ова комбинација ќе ве снабди со витамин Ц, витамин К, А, бетакаротен и витамин Ф за добро варење на храната и забрзување на метаболизмот.
Исто така напитокот содржи високи вредности на калиум и магнезиум.
Бананата и јаболкото имаат висока калорична вредност поради што ова смути може да ви биде замена за еден оброк, ручек или вечера.