Невроза — група на функционални ментални нарушувања, вклучувајќи хроничен стрес, но без губење врска со стварноста или халуцинации.
Неврозата не е идентична со психозата, која означува губење допир со стварноста.
Изразот „невроза“ повеќе не се употребува од страна на професионалните психијатри во САД, а во 1980 година бил отстранет од „Дијагностичкиот и статистичкиот прирачник на менталните нарушувања“ (Diagnostic and Statistical Manual of Mental Disorders).
Неврозата може да се дефинира како „слаба способност за приспособување кон окружувањето, неможност за промена на животните навики и неспособност за развој на побогата, покомплексна и позадоволна личност“.
Психозите се група на болести што се карактеризираат со „загуба на контакт со реалноста“, неможност да се разграничи помеѓу она што е реално и нереално, имагинарно или она што реално не постои.
Психозата не се осознава, за разлика од неврозите, при коишто човекот е речиси секогаш свесен за болеста.
Голем број на психички состојби и растројства можат да предизвикаат психотични епизоди, како што се: шизофренија, биполарно растројство, анксиозност, тешка депресија, недостаток на спиење и др.