Спорот со Бугарија го блокира процесот на евроинтеграции на Македонија.

Иако македонските политичари се подготвени за пеговори и компромиси, сепак македонскиот премиер Зоран Заев изјави дека владата нема да преговара за прашања надвор од црвените линии.

Под црвени линии се воведуваат националниот идентитет и јазикот, кој според Заев е универзално човеково право кој ниту една држава и влада не може да го оспори.

Неговиот албански колега Еди Рама даде голема поддршка на Македонија во спорот со Бугарија.

Тој истакна дека идентитетските прашања не треба да бидат дел од дневната политика, но и дека Албанија е подготвена да ја чека Македонија за заедно да влезат во ЕУ.