Рускиот претседател, Владимир Путин, уверува дека руската вакцина „спутник В“ покажала многу високо ниво на ефикасност против новиот сој на коронавирусот – омикрон.

Зборував со директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеа“, Александар Гинтсбург. Тие го водеа истражувањето, а вакцината ‘спутник В’ го неутрализира новиот сој – рече Путин на неформалниот самит на лидерите на Комонвелтот на независни држави, а пренесе руската агенција ТАСС.

Путин изјави дека Гинтсбург разговарал со него буквално пред два дена и дека биле спроведени студии, но дека сега се чекаат клинички истражувања за да се утврди степенот до кој „спутник“ му се противи на вирусот.

Но, тој рече дека она што го направиле во Центарот ни дава уверување дека вакцината во голема мера ќе го неутрализира омикрон-сојот – заклучи рускиот претседател.

Путин рече дека „спутник В“ обезбедува речси 90 проценти заштита.