Изминатава недела се оддржа Првиот Интернационален Филм Фестивал за Арт Терапија на Светско ниво. Македонија, заедно со уште 7 држави и 4 континенти , вкупно 33 држави од цел свет, е дел од ова глобално заедничко гледање на филмови – документци за уметноста и психологијата. Единствени на Балканот и во регионот кои беа дел од AIHFF 2025
Фестивалот е во Организација на Терапевтите за експресивни уметности Мери Андрус DAT, LPC, LCAT, ATCS, Закари Д. Ван Ден Берг MA, LPC, ATR-BC, и Џуди Рубин PhD, ATR-BC, HLM – пионерска фигура во уметничката терапија и оригинален документарист во областа – AIHFF кој се оддржува во Портланд, САД е единствено позициониран и длабоко посветен на прикажување моќни приказни што ја осветлуваат трансформативната улога на уметноста, музиката, танцот, драмата, раскажувањето приказни, експресивната терапија и другите креативни модалитети во терапевтските услови ширум светот.
–Арт терапијата стои во првите редови на иновативните и трансформативните модалитети, искористувајќи ја вродената моќ на креативноста за промовирање на самоизразување и личен раст. Со спојување на полињата на психологијата и уметноста, уметничката терапија ни нуди уникатен и длабок начин да го истражиме нашиот внатрешен свет и да се справиме со емоционалните предизвици, вели лиценциран психолог и арт терапевтката Цветанка Бурзевска.
Ова е еден од ретките можности каде што науката се среќава со уметноста за целите на човечкото ментално здравје, негово истражување и подобрување.