Ангела Меркел, родена како Ангела Каснер, е мажена за професорот по квантна хемија Јоаким Зауер, па се поставува прашањето од каде „Меркел“?
Родена во 1954 година во Хамбург како Ангела Доротеа Каснер. Меѓутоа, во 1977 година се омажила за Улрих Меркел и го земала неговото презиме. Тогаш 23-годишната Анџела и 24-годишниот Улрих почнуваат да живеат заедно.
Во интервју објавено во 2004 година за германскиот портал Фокус, Улрих спомнал дека во тоа време не се слушнал со неа цели 15 години. Потоа работеле заедно во Академијата на науките во поранешна Источна Германија, а се запознале во 1974 година во Лајпциг додека студирале. Две години подоцна се вселуваат заедно, а една година подоцна газат на луд камен.
Тие живееле заедно во скромен стан, со заеднички тоалет за студенти. Кревет, две маси и плакар, тоа било тоа.
Дека цвеќињата не процветале покажа и времето кога се развеле во 1981 година, а потоа во 1982 година го официјализирале разводот.
Улрих објаснил дека тоа било шок за него, што се спакувала и се иселила од заедничкиот стан, а со себе зела и машина за перење.