Порталот „Мој збор“ предлага 3 наслови кои секоја жена треба да ги прочита во животот и да се запознае суштински и одвнтре со спецификите на женската мисла, ум, идентитет и проблеми кои го тангираат постоењето на жените.

  1. Стаклено ѕвоно од Силвија Плат
Тема во романот е борбата против нормите и авторитетот: Естер постојано се судира со претпоставените, со момчето, со мајката и со лекарите.

Нејзината потреба за женска еманципација е изразена јасно и симболично преку метафорите на изборот што постои пред неа, но самиот чин на изборот не значи и остварување на желбите.

Во желбата да „постане сè“, Естер е истовремено опсесивна и несигурна, а остварувањето на нејзините желби е спречено од конзервативното американско општество и од нејзината внатрешна побуда за уништување.

Оттука, воопшто не зачудува тоа што односот на Естер кон светот се изразува низ прејадувањето и гладувањето.

Со тоа таа го искажува протестот против наметнатата идеја за улогата на жената во општеството.

Наместо да биде совршена домаќинка, Естер сака да има повеќе улоги и се бори за правото да нема планови за иднината.

Зошто треба да ја читате Силвија Плат? | Кафе и книги

 

Издание на македонски јазик: Издавачка куќа „Три“

 

 

2. Сопствена соба од Вирџинија Вулф 

Во делото „Сопствена соба“ Вирџинија Вулф го соочува читателот со неправдата која се прави кон женскиот пол.

Таа опишува лична случка, при која, како писателка не била пуштена да влезе во стара англиска библиотека, бидејќи не била во друштво на маж.

Во есејот „Сопствена соба“ Вулф се залага секоја жена да има своја приватност, своја сопственост, своја интима… Поради што и насловот на книгата е „Сопствена соба“.

Преку правото на сопственост и приватност, жените ќе може да се презентираат како посебни и засебни ентитети, а не како подредени функционални единици во патријархалното семејство.

 Издание на македонски јазик: Конгресен Сервисен Центар

 

 

3. Разум и чувствителност од Џејн Остин

Разум и чувствителност е една од најзначајните романтични приказни што се до- сега објавени, чија популарност се потврдува и 200 години по нејзиното објавување.

Преку возбудливите случувања во романот, сестрите Елеонора и Маријана ги искусуваат и почнуваат да ги разбираат разумот и чувствителноста на љубовта и самиот живот.

Едната е прикажана како разумна, логична и воздржана, додека другата е прикажана како сентиментална и пречувствителна.

Во животот подобро поминува онаа која е сентиментална и ги покажува чувствата.

-Бидејќи тој хабитус кореспондира со општествената идеја за тоа како треба да се однесува и живее една жена.

Таа има повеќе додворувачи и љубовни понуди, за разлика од логичната и разумната сестра.

Сепак не е среќна, а животна смисла и раме за плакање е тука да и даде логичната и разумната сестра!

 

 

Издание на македонски јазик:

Издавачка куќа „Магор“