Младенци — еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус каде што се слави споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера.
Младенци ги слават сопружниците во првата година од бракот, оние кои се венчале после 22 март претходната година. Се верува дека „Какво е времето денес, такво ќе биде цела пролет“.
Младенци секогаш паѓа во периодот на Великиот пост.
Во Македонија најпознат е обичајот Чет’рсе од Штип кој е прогласен за значајно културно наследство во Македонија и дел од нематеријални добра на репрезентативната список на заштитени добра на човештвото на УНЕСКО.
Македонската православна црква го слави „Младенци“ како ден на Светите четириесет маченици на Севастополско-римските војници кои беа убиени во 320 година затоа што одбија да ги прогонуваат христијаните.
Празникот го доби името Младенци според младите мажи кои беа убиени.
Овој празник се поврзува со брачни парови и затоа се прават венци кои имаат тројна религиозна симболика.
Младенци е празник кој календарски се совпаѓа со денот на пролетта и се верува дека како што почнува животот во пролет за природата, така и од почетокот на бракот почнува заедничкиот живот на поединците во заедништвото.