Короната, но и состојбата на страв и неизвесност што ја придружува и со која живееме изминативе година и пол, се „тригер“ за зголемена анксиозност и депресија, а се повеќе се зборува дека кога се бориме со чумата што го убива целиот свет, мора да се бориме и со „болестите на душата“.

Депресијата е една од нуспојавите на ковид-19, на која сè уште не обрнуваме доволно внимание поради вирусот кој владее со светот и стравовите со кои се соочуваме поради него.

Кај многумина сè уште се развива депресијата и сè уште не можеме точно да ги откриеме сите кои имаат проблем, но практиката покажува дека короната на многумина им била поттик да ја имаат оваа болест – вели за Телеграф психијатарот, професорката д-р Славица Ѓукиќ Дејановиќ.

Таа додава дека состојбата на пациентите кои имале претходни психички проблеми се влошува, но дека има и такви кои првпат се соочуваат со вакви потешкотии од почетокот на корона пандемијата.