Талибанците погубија познат комичар и ТикТокер кон крајот на јули за „срамни“ шеги на нивна сметка. Убиството се случи по освојувањето на авганистанскиот град Кандахар.

Сега е објавено видео на кое се гледа како Назар Мухамед, попознат како Каша Звана, е изнесен од талибанците од неговата куќа и туркан во автомобил.

За тоа време, тој продолжува да ги исмева и продолжува да кажува шеги за нив.

Комичарот Назар Мухамед наводно бил застрелан.

Организацијата Хјуман рајтс воч изјави дека Талибанците го тепале, а потоа го убиле Мухамед на крајот на јули во Кандахар, откако градот паднал во нивни раце.

Каша Зван е познат по своите снимки на „ТикТок“, каде што ги исмеваше талибанците преку песна и танц.