Сите граѓани кои веќе ја примиле првата доза на вакцината на „Астра Зенека“ и оние кои следните денови ќе се вакцинираат, треба да знаат дека потребни се три недели за да се создаде имунитет, информира Министерството за здравство.

Ова значи дека сите кои примиле деновиве вакцина треба да се исклучително внимателни следните недели и да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита, како носење маска, физичка дистанца и одржување лична хигиена – предупредува министерството.

Како што се наведува, најчести несакани ефекти по примање на вакцината се – болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули.

Овие несакани ефекти се јавуваат кај 1/10 индивидуи. Поретко се јавува алергиска реакцијa.

Најчесто несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден до два дена по вакцинацијата, појаснуваат од Министерство за здравство.