Граѓаните велат дека ова покачување ќе ги погоди оние кои земаат мали плати, и постои можност дел од нив да се откажат од работа во главниот град, по што ќе бараат работа во родниот град или во странство.

Поскапеа автобуските билети во целата држава, а кумановци за да отпатуваат до своето работно место во Скопје ќе треба да платат 150 денари во еден правец.

Граѓаните велат дека ова покачување ќе ги погоди оние кои земаат мали плати, и постои можност дел од нив да се откажат од работа во главниот град, по што ќе бараат работа во родниот град или во странство.

Кумановци велат дека трошоците за живот растат многу побрзо од платите, така што на крајот на месецот секој работник се пресметува дали одредена работа е исплатлива или не.

Досега голем број граѓани на Куманово одеа на работа во Скопје, затоа што таму имаат поширок спектар на професии, и поголема шанса за напредок.