Откупот и продажбата на земјоделски производи во првото тримесечје од годинава се зголемени за 3,4 отсто во однос на истиот период лани. Вкупно се откупени и продадени земјоделски производи во вредност од 4,85 милијарди денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 1,8 отсто, a кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано зголемување за 18,8 отсто.

При тоа, зголемување е забележано кај сите производи, освен кај индустриските растенија, овошјето и другите земјоделски производи.

Се смета дека зголемен откуп и продажба на домашни земјоделски производи се должи на војната во Украина која ги затвори границите на европските држави и го отежна меѓународниот увоз и извоз на производи.

ИЗВОРВработување
претходниот член,Руското МНР: Влезот на Шведска во НАТО ќе предизвика значителна штета на безбедноста на Северна Европа
Следната статијаЌе се воведуваат блок тарифи за домаќинствата во зависност од потрошувачката на електрична енергија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде