Досега од Авганистан се евакуирани 18.000 дипломати и цивили, соопшти НАТО.

Пукотници одекнуваат низ Кабул за време на евакуацијата.

Талибанските членови ја засилија потрагата по луѓе кои работеле за НАТО или претходната авганистанска влада, предупредија Обединетите нации во објавениот документ.

Се вели дека има голем број такви лица и дека вооружени Талибанци одат од куќа до куќа за да ги најдат овие луѓе и да им се закануваат на членовите на нивните семејства.

Црна листа за поранешни соработници на режимот

Талибанците започнаа со црната листа на Авганистанците за кои се сомневаат дека биле важни соработници на претходната авганистанска влада или силите предводени од САД кои ги поддржувале, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на норвешката непрофитна организација.

Во извештајот, составен од Норвешкиот центар за глобална анализа RHIPTO и прегледан од Ројтерс, се наведува дека Талибанците бараат лица поврзани со претходната влада, која падна во неделата кога исламистичкото милитантно движење го зазеде Кабул.

Талибанците ја интензивираат потрагата по сите поединци и соработници на поранешниот режим, особено меѓу припадниците на безбедносните структури, и ако не успеат, тие ги апсат нивните семејства и ги казнуваат според сопственото толкување на шеријатскиот закон, се вели во извештајот на RHIPTO.