Додека на социјалните мрежи се појавуваат вознемирувачки фотографии од огромни пожари што беснееат низ Македонија, се појави и фотограгија на директорот на Ценарот за управување со кризи директно од прославата на Илинден во Крушево.

Додека пола Македонија гори, ти одиш на прослави, па уште и се сликаш.

Беше еден од коментарите на социјалната мрежа „фејсбук“ упатен од незадоволен граѓанин.

Во моментов најопасен пожар е оној во Кочани кој согласно изјавите на надлежните институции е локализиран, но се уште постои опасност од ширење.

Во Кочани вчера, огнот стигна до населените места, а многумина граѓани пројавиле респираторни проблеми како резултат на вдишување на чад од воздухот.

Голем пожар го зафати и кумановскиот реон, каде во с. Кокино и с. Жегљане е зафатена огромна површина на шума и сува трева, а месното население е во страв дека пожарот може да се прошири и да ги зафати просториите за домување и добитокот.

Шокантен е и податокот од соопштението за јавност од Центар за управување со кризи, во кое стои дека и покрај опасноста на пожарот во Прилепскиот регион и голема зафатена површина, на терен е испратено само едно ПП возило со двајца пожарникари, додека одговорното лице од локалната самоуправа на Прилеп воопшто не одговарало на телефонските повици во текот на вчерашниот ден.

No description available.