Скопската православна епархија при МПЦ – ОА денеска ги демантира информациите дека била донесена одлука да нема погребенија на Свети Никола, првиот ден на Божик и Велигден, како и на задушница, иако, како што велат оттаму, за тоа се разговарало.

По повод настаните од 19.12.2022 година, денот во кој Црквата го прославува споменот на светиот Николај Чудотворец, а во врска со неизвршувањето на погребенијата во тој ден, Скопската православна епархија го издава следново известување до медиумите – по барање на дел од свештенството од Скопската епархија да не се извршуваат погребенија на празникот на светиот Николај Чудотворец, во саботите на Духовденската и Митровденската задушница, и на првиот ден на Божик и Велигден, беа остварени средби со раководството на АД „Бутел“, на коишто се разговараше за таа можност. Но, конечно, таква одлука не беше донесена – се вели во денешното соопштение од Скопската православна епархија.

Во него се додава дека поради одредена меѓусебна некоординираност, од некого било погрешно пренесено дека таква одлука има и оти веќе на 19 декември не треба да се извршуваат погребенија.

Како последица на тоа дојде до несаканите случувања. Затоа, уште еднаш истакнувајќи дека за тоа беше само разговарано, а не и одлучено, известуваме дека погребенијата ќе продолжат да се извршуваат секојдневно, како, впрочем, и досега – нагласува во соопштението од Канцеларијата на Скопската православна епархија.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Земји од ЕУ со највисока и најниска плата за вработените
Следната статијаЧетири реченици кои секојдневно ги изговараме и кои штетат на нашата самодоверба

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде