Американски научници открија дека шизофренијата е втор најризичен фактор за смрт од ефектите на ковид-19 по староста, пишува порталот Science Alert.

Студијата е спроведена помеѓу март и мај минатата година на 7.350 њујорчани кои биле позитивни на коронавирус, а истражувачите ги следеле 45 дена по дијагнозата.

Меѓу нив имало 75 пациенти кои страдале од шизофренија. Студијата покажа дека ризикот од смрт од ковид кај овие пациенти е скоро три пати поголем отколку кај пациенти кои не страдале од нарушување, откриле истражувачите.

Така, во споменатата група субјекти, шизофренијата беше на второ место според ризикот од смрт од колвид, веднаш по староста.

Нашите резултати покажаа дека луѓето со шизофренија се екстремно ранливи на ковид, рече психијатарот Катлин Немани од Медицинскиот центар Лангоне на универзитетот во Њујорк.

Шизофренијата е ментално нарушување што ја менува перцепцијата на пациентот за реалноста и влијае на нивното расположение.