Еден килограм „Бабура зелена македонска“ ќе ве чини 279 денари. Ако мислевте дека тоа е цената за готови, односно полнети бабури, НЕ! Се лажете! Добивате само зелена пиперка која потоа треба да ја полните.

Па така, повеќе ви се исплаќа да купите ананас, кој ем е увезен, ем ви е поевтин. За еден килограм ќе платите само 120 денари. А ручекот да ви биде овошна салата. Ем диета, ем поевтино, ем здрава храна!

Ако сепак се решите пак за „Полнети бабури“, ќе ви треба и месо, а ќе ви треба и салата. А доколку пак се одлучите тоа да биде македонска марула, ќе ви требаат уште дополнителни 249 денари на пример за 1 килограм марула.

Нема поевтино да поминете ниту ако се одлучите за салата со крставици, бидејќи еден килограм чини неверојатни 259 денари.

Владата пред една недела инфорамираше дека цените на основните продукти остануваат замрнзати. А во нив спаѓаат лебот, шеќерот, брашното, маслото за јадење, трајното млеко, свежото месо и сувомеснати производи и сирењето и урдата.