По повеќе од една година Кина ги регистрираше првите смртни случаи од ковид 19, покажуваат податоците на веб-страницата на Националната здравствена комисија, во која се наведува дека две лица починале во североисточниот регион Џилин.
Земјата моментално се соочува со најголемиот бран на епидемија и спроведува политика на нулта толеранција против коронавирусот со вршење т.н. „динамични чистења“, кратки затворања и брзо тестирање секаде каде што се откриени случаи на инфекција.
Џилин, на границата со Северна Кореја и Русија, е во епицентарот на сегашниот бран. Тука се забележани две третини од вкупниот број заразени во земјата. Вкупниот број на потврдени смртни случаи од ковид-19 во Кина сега е 4.638.