Утеха – не сте ја прифатиле вие неа, туку таа, во вас претходно се раѓала. Сте биле конечно согласни со тоа дека како единка не сте ништо, во секој случај ништо посебно.
Конечно, не сте очекувале никакво лично известување, бидејќи повеќе не сте имале потреба да се распрашувате за ништо.
Сите прашања ви станале празни приказни, а одговорите станале толку стереотипни да за нив веќе не ви биле потребни луѓе, туку предмети, сладок Свети гроб, слатко Исусово срце, слатка Богородица маченица, се преобратиле во фетиши на сопствената желба за смрт, која, пак ја засладувала секојдневната беда.
А во секојдневното истовремено однесување со секогаш истите нешта и тие ви стануваат свети. Сладок не бил нетрудот, туку работата, и онака не ви преостанува ништо попаметно да правите!
Петар Хандке во „Несреќа без жалби“