Јаболкото (Malus domestica) потекнува од Источна Европа и Југозападна Азија, од каде што се прошири низ целиот свет, а денес на пазарот се достапни околу 10.000 видови.
Ова листопадно дрво од семејството Росацеа не радува од јули до октомври со своите миризливи плодови кои доаѓаат во сите нијанси на жолта, црвена и зелена, пишува порталот vitamini.hr.
Едно јаболко со средна големина има околу 95 килокалории и обезбедува приближно 4 грама влакна, што е повеќе од 10% од препорачаната дневна доза.
Дури и без кора, јаболко со средна големина содржи 2,7 гр влакна. Поради разновидната содржина на влакна, јаболкото поседува голем број корисни својства.
Флавоноидите, еден вид пигмент во јаболката, се од особен интерес за научниците.
На овие молекули им се припишуваат бројни корисни својства, особено превентивен ефект врз развојот на срцеви заболувања.