Како и повеќето овошја, кајсиите се природно богати со вода, што може да помогне во регулирање на крвниот притисок, телесната температура, здравјето на зглобовите и отчукувањата на срцето.
Бидејќи повеќето луѓе не пијат доволно вода, јадењето свежо овошје може да ви помогне да ги достигнете вашите дневни потреби.
Со однос на тоа дека се изложуваме подолго време на сонце и тоа директно додека сме на плажа, кајсијата ќе ни помогне да внесеме доволно течности.
Пиењето вода само не е доволно телото правилно да хидрира.
Околу 40% од потребниот дневен внес на вода треба да го направиме преку храната.
Кајсиите се идеални бидејќи се на база на вода и содржат фруктоза, која му дава дополнително енергија на организмот.
Тие се сродни со праските, но за разлика од праските, се по хигенски за јадење, па затоа се посоодветен избор за јадење „во јавност“.