Високите дози на широко достапни аналгетици, како што е ибупрофен, го зголемуваат ризикот од срцев удар, покажа новото истражување.

Истражувачите напишаа во извештајот објавен во Британскиот медицински журнал дека пациентите на кои им биле препишани нестероидни антиинфламаторни лекови биле изложени на поголем ризик од проблеми со срцето во следниот месец.

Ова се однесуваше на ибупрофен, диклофенак, напроксен и целекоксиб. Истражувачите велат дека оние кои земаат големи дози – околу 1.200 mg ибупрофен дневно, се изложени на најголем ризик.

Иако ризикот од срцев удар е многу мал – само еден процент, експертите велат дека поради широката дистрибуција на овој лек, секоја претпазливост е оправдана.

Тие советуваат да се земе најниската можна доза од овие лекови.