Како да го исчистите телото и крвта од токсини без лекови?
Храната ќе ви помогне во тоа, забележуваат експертите.
Токсините на кои сме изложени секој ден го нарушуваат нашиот имунолошки систем и ги ослабуваат функциите на внатрешните органи, особено на бубрезите, црниот дроб и панкреасот.
А, една од намирниците за која се покажа дека е делотворна во отстранувањето на овие токсини од телото е киселата зелка.
Според нутриционистката Светлана Фус, во однос на бројот на супстанции кои се докажани како корисни, оваа храна практично е „полековита“ од лукот. Бонусот е и тоа што е евтина.
Сите светски експерти истакнуваат дека зелката (не само кисела, туку и свежата) содржи изобилство на пробиотици кои штитат од настинка. Познато е дека како резултат на ферментацијата, во храната се формираат корисни микроби и бактерии, кои се исклучително важни за здравјето на луѓето: помагаат во рамнотежата на микрофлората и на тој начин го подобруваат имунитетот.
Ова е особено важно за време на ладно време, кога нашето тело е постојано изложено на вируси.
Покрај зелката, од голема помош се и киселите краставички кои содржат многу хранливи материи кои помагаат да се отстранат токсините.
Бонусот е што се нискокалорични, но во исто време, чувството на ситост трае долго после нив.