Достигнувањата на Никола Тесла и неговиот придонес за светот се немерливи.
Најголемиот научник на сите времиња остави зад себе еден куп иновации што никој не успеал практично да ги примени до денес.
Некои, можеби најважните, беа основа за она на што се потпираме секој ден денес – електрична енергија, компјутер, интернет…
Меѓутоа, во денешниот свет каде кариерата и искуството се главни, кога некој постојано брза да додаде уште една ставка во работната биографија, со цел да го засени потенцијалниот работодавец, некој направил CV на најголемиот ум на сите времиња, Никола Тесла.
Искуство скромно, исто така и образование. Зборувал, покрај српскиот, што бил негов мајчин јазик, англиски, германски и чешки, иако овој последниот јазик го разбрал повеќе отколку што зборувал.
Значи, од она што го знаеме за неговиот живот, биографијата е сосема просечна.
Сепак, гениј, начин на размислување и иновации ја немаат својата рубрика во оваа класична форма врз основа на која работодавачите избираат кандидати денес.
Сега, прашањето за работодавачите е дали би ангажирале лице со ваков вид работно искуство? Сепак, има и такви за кои начинот на размислување е поважен од искуството, семинарите и другите параметри од работната биографија, па сигурно и денес би имало некој што би му дал шанса на Никола Тесла за, да речеме, платена пракса.
Значи, работодавци, дали би го вработиле?