Астра зенека и Универзитетот „Оксфорд“ завчера признаа грешка во дозирањето за време на производството, што покрена низа прашања во врска со ефикасноста на нивната ковид-вакцина, пренесува Тајм.
Откако во соопштение за нивната вакцина се тврдеше дека е таа е „високо ефективна“, во извештаите не се спомнува зошто некои од волонтерите во тестирањето добиле половина доза.
Кај волонтерите биле испробани повеќекратни комбинации и дози со цел да се тестира ефективноста и безбедноста на вакцината.
Изненадувачки, учесниците во испитувањето што добиле две половични дози покажале подобри резултати со 90 отсто ефективност, а кај оние кои добиле две целосни дози, била забележана ефективност од околу 62 отсто.
Комбинираните резултати покажуваат 70 отсто ефективност, што беше резултатот прикажан од производителите.