Фондот претходно објави дека оваа вакцина ќе биде значително поевтина од конкурентските вакцини со слично ниво на ефикасност.

Вакцината е ефикасна во 91,4 проценти од случаите 28 дена по примањето на првата доза, а по 42 дена ефикасноста надминува 95 проценти, објави Фондот и Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, објави „Спутник“.

Проценката е извршена меѓу 18,794 волонтери 28 дена по приемот на првата доза или седум дена по втората доза на вакцина или плацебо.

Руската вакцина е единствена по тоа што користи два различни вектори засновани на човечки аденовирус, што овозможува посилен и подолготраен имунолошки одговор во споредба со вакцините засновани на истиот вектор во двете дози.