Поддршката на младите и талентираните луѓе на Балканот е главната цел и причина за формирањето на Фондацијата МОСТ.

Основните цели на Фондацијата се:

  • Поддршка на млади и талентирани луѓе во областа на образованието преку собирање средства за кофинансирање и финансирање на нивното образование и обука.
  • Поддршка на припадниците на националните малцинства и националните заедници во областа на човековите права
  • Поддршка и активности за подобрување на образованието на припадниците на националните малцинства и националните заедници,
  • Хуманитарна помош за припадниците на националните малцинства и националните заедници

-По формирањето на Здружението за заштита на човековите и малцинските права МОСТ во Белград во 2019 година, го отворивме првото балканско радио како и продукцијата Мост, а денес ја основавме Фондацијата МОСТ.

Успеавме да го создадеме проектот РАДИО МОСТ, кој беше поддржан од Управата за дијаспора на Република Србија, а отворивме студио во Скопје, канцеларии во Ниш, Лесковац, Нови Сад, Босна и Херцеговина. Нашиот проект беше прифатен и во Албанија, каде потпишавме меморандум за соработка со Здружението „Про Албанија“ и отворивме студио на албански јазик на Радио УРА со наш концепт во нивните простории.

Целта ни е да отвориме студио и во Црна Гора и поради оваа причина ја избравме Црна Гора за седиште на Фондацијата МОСТ, која како мултиетничка средина нуди голем потенцијал кога се во прашање младите таленти. изјави Бобан Јовановиќ, основач на фондацијата Мост.

Наскоро ќе се одржи јавна презентација на Фондацијата.