Владејачкото мнозинство ќе ги повлече предлог измените на Законот за надворешни работи со кој се предвидува амбасадорот освен македонско да може да има и друго државјанство.

Во образложението за повлекување на предлог законот што го поднесоа пратениците на СДСМ, ДУИ и БЕСА, се вели дека власта нема да дозволи опозицијата да прави театар во Собранието.

Таквото образложение следува откако пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе го напуштат Собранието доколку се изгласа овој според закон.