Центарот за управување со кризи доби известување од ЕВН за опасност од одрон на голема карпа над кањонот Матка.

Директорот на ЦУК, ја образложи состојбата со карпата. Тој објасни дека карпата се наоѓа во ваква позиција долго време.

Според добиените фотографии може да се забележи одредена нестабилност а ние како институција испративме барање до повеќе релевантни институции коишто треба да излезат на терен, информираше денеска директорот на ЦУК.

При паѓање на карпата би била предизвикана лавина од други камења и карпи и таа би паднала на местото каде се испушта вода, која оди во хидроелектраната.

Во овој момент нема место за кревање никаква паника, но воедно ја известуваме фирмата која што стопанисува со чамците кои што пловат низ кањонот Матка, полни со туристи, и до нив препорачуваме и апелираме местото на предниот дел, блиску до браната, да не го користат поради оваа многу мала можност од одрон на оваа огромна карпа. Иако ризикот е многу мал, како сериозна институција на која безбедноста на граѓаните е на прво место, сакаме да делуваме превентивно и повикуваме овој дел, блиску до ѕидот на браната да не се користи, изјави директорот.