Првите случаи на омикрон се потврдени во Албанија и во Србија. Инфекцијата во Србија е потврдена кај жена која дошла од Боцвана, при што таа била негативна при влезот во државата.

Пациентот беше во изолација. Земени се контролни примероци и еден е позитивен – објасни д-р Тања Јовановиќ.

Таа посочи дека нема причина за паника.

Ја следиме и контролираме ситуацијата – рече Јовановиќ.

Директорката на Институтот за јавно здравје во Тирана, Еугена Томини, прецизира дека два случаја се потврдени со лабораториска дијагностика, пренесуваат албанските портали. Според неа, делта-сојот сè уште е доминантен вид на коронавирусот во Албанија.

Пред Србија и Албанија, омикрон беше регистриран во Хрватска, Црна Гора и во Романија.