Западната исхрана е поврзана со многу болести, а сега на списокот може да се додаде и хронична болка, покажаа резултатите од новата студија.

Мастите се добри за здравјето, но можат да бидат премногу штетни.

Повеќето луѓе јадат премногу омега-6 масни киселини и недоволно омега-3.

Една нова студија го разгледа потенцијалното влијание на мастите омега-6 врз невропатската болка кај луѓето со дијабетес и други состојби.

Научниците од Центарот за здравство на Универзитетот во Тексас во Сан Антонио ја проучувале улогата на омега-6 масни киселини во болни состојби и откриле дека овие масни киселини се чини дека предизвикуваат болка и воспаление.

Изобилството на омега-6 масни киселини во типична западна исхрана „е значаен фактор на ризик и за воспалителна и за невропатска болка“, се вели во соопштението на научниците.

Познато е дека дијабетесот, автоимуните нарушувања и кардиоваскуларните болести се поврзани со навиките во исхраната, потенцираат истражувачите.

ПРЕРАБОТЕНА ХРАНА

Но, прекумерната потрошувачка на омега-6 масти, кои претежно се наоѓаат во преработената храна, не е проучена кога станува збор за самите овие киселини и нивната улога во болестите.

Тим научници од Одделот за хемија и неврологија на здравствениот систем на ветерани во Јужен Тексас, предводен од Џејкоб Бојд, проучувале полинезаситени масни киселини кај глувци и луѓе.

Иако омега-6 и омега-3 масните киселини се неопходни за здравјето, новото истражување сугерира дека преовладувањето на омега-6 киселините може да има штетни последици.

Петгодишното истражување е објавено во јунскиот број на списанието „Природен метаболизам“.

Омега-6 киселините главно се наоѓаат во храна со растителни масла и се корисни до одреден степен.

Но, западната исхрана поврзана со дебелината се карактеризира со многу поголема количина на овие киселини во храната, од чипс, пченка до похован кромид, отколку со здрави омега-3 киселини, кои се наоѓаат во рибите и извори како лен и јаткасти плодови, рекоа истражувачите.