Охрид и Струга се преполни за илинденските празници. Хотелските и приватните сместувачки капацитети се исполнети до последно место, најмногу со домашни гости, но има и странски туристи од соседството, како и Холанѓани и Полјаци.
Приватните станоиздавачи велат дека секоја година во овој период нема ниедна слободна соба за издавање оти тогаш се одржувале и разни концерти.
Раздвиженост и гужва има по чаршијата, кафулињата и плажите, со што се врати сликата од пред две години кога овие туристички центри беа едни од најпривлечните за одмор.
Состојбата е како во добрите времиња. Почнавме нормално да функционираме, велат угостителите.
Поради големите гужви ќе бидат засилени и полициските контроли. Од полицијата апелираат возачите да бидат внимателни, особено при доаѓањето кон Охрид и Струга, затоа што патниот правец од Кичево сè уште е во изградба.