По Скопје, Охрид е втор град на листата на градови во Република Македонија со станови во кои не живее никој.

Некои од становите се испразнети поради иселување, а други, пак, се купуваат како инвестиција. Најголем број станови за „резерва“ се купувале во главниот град – 59.300, а најатрактивни се скопските општини Центар и Карпош, каде има над 20 илјади станови без станари.

Охрид е втор град на листата со станови во кои не живее никој. Според статистиката, кај нас има 17.820 празни станови, додека во соседна Струга – 10.153. Во Битола, пак, евидентирани се дури 16.063 станови без домаќини.

Цената на становитево Република Македонија за време на кризата вртоглаво расте, но тоа се чини не влијае многу ниту на понудата, ниту на побарувачката.

Нови згради продолжуваат да се градат, а побарувачката за нови станови во атрактивните делови на Скопје, како и во туристичките центри Охрид и Струга не стивнува. Квадратот покрај охридското крајбрежје достигна и над 2.500 евра.

Последните статистички податоци потврдуваат дека понудата на станови веќе од поодамна ја има задоволено побарувачката, но и покрај тоа и понатаму се гради и се купуваат нови станови.

Над 307.187 или 36,6% од становите зјаат празни, додека 531.987 или 63,4% се населени, покажуваат податоците од последниот Попис во 2021 година на Државниот завод за статистика.

ПРЕКУВработување
ИЗВОРРепублика
претходниот член,Бројот на разводи во Македонија драстично зголемен
Следната статијаОхрид Трчат прераснува во значаен спортски настан на регионално ниво

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде