Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,47% во однос на одлуката од 7.11.2022 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,806 ден/кг и сега ќе изнесува 49,189 ден/кг.

Од 15.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 93,50 (денари/литар),
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 96,00 (денари/литар),
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 96,00 (денари/литар),
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 91,00 (денари/литар),
  • Мазут М-1 НС 49,189 (денари/килограм).

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 15.11.2022 година.

ПРЕКУВработување
ИЗВОРЦентар.мк
претходниот член,Зближувањето на Македонија и Албанија Рама го гледа како судбинска случка
Следната статијаТурција не ја прифаќа пораката за сочувство од САД

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде