Сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Поради разведрувањето утринските температури ќе бидат ниски за овој период од годината. 

УВ индексот ќе изнесува 7 мерни единици.

Минималната дневна температура во Скопје ќе изнесува 7, а максималната ќе достигне 24 степени.

Веќе од утре се очекува значителен скок на дневните температури, па така максималната дневна температура во Скопје ќе достигне дури 32 степени.