Благодарение на етеричното масло кое делува против микробите, како и витамините и минералите во неговиот состав, сенфот е многу корисен за здравјето и се препорачува за време на диетата.

Додадете сенф и уживајте во сите негови бенифити.

Овој намаз за имунитет се подготвува од семе од синап, растение познато по благотворното дејство на здравјето уште од времето на старите Римјани. Со мелење на ова семе добива кисел, а потоа лут вкус.

Од брашното од синап може да се направат лековити премази кои се користат во случај на бронхитис, но не смеат да се чуваат долго на кожата, бидејќи може да предизвикаат дури и изгореници.

Најмоќната состојка на сенфот е неговото етерично масло, кое силно делува против бактериите и другите микроорганизми.

Затоа се користи за конзервирање на храната, а на домаќинките најмногу им е позната употребата при подготовка на кисели краставички.

Сенфот е богат со витамин Е, содржи магнезиум, цинк и железо и е добар извор на калциум, фосфор и калиум. Како добар извор на овие важни хранливи материи, особено се препорачува на сите кои се на диета.