Почнувајќи од денеска, 7 октомври започнува испорака на топлинска енергија до потрошувачите поврзани на системите за централно греење во Скопје.

Овие правила се утврдени во регулативата за испорака на топлинска енергија до потрошувачите, одобрена од Регулаторната Комисија за Енергетика и Водни Услуги на Република Северна Македонија – РКЕ.

Според регулативата, доколку надворешните температури се пониски се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите, односно температури во домовите не пониски од 20 +1 степен Целзиусов. Во исто време, со овие правила на испорака се обезбедува оптимална потрошувачка на топлинска енергија и минимални трошоци за греење на потрошувачите .