Министерството за здравство информира дека почнувајќи од денеска за влез во објекти ќе биде потребен сертификат за вакцинација против коронавирус, односно примени две дози на вакцината против ковид-19.

Исто така влез ќе им биде одобрен на лицата со сертификат за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и да бидат одговорни, а оние кои сѐ уште не се вакцинирани што побрзо да го направат тоа.