Кризниот штаб на Србија на вчерашната седница одлучи да ги продолжи мерките за заштита од коронавирусот вклучително и задолжителен негативен ПЦР тест или 10 дневна изолација за сите кои ги поминуваат границите на Србија.

Сепак денеска, премиерот на Македонија, Зоран Заев ја информираше јавноста дека во телефонски разговор со српската премиерка Ана Брнабиќ му било соопштено дека за македонските граѓани од четврток, Србија ги укинува задолженијата за негативен ПЦР тест при патување во Србија.

Од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, ме информираше премиерката Ана Брнабиќ. Во телефонскиот разговор изразивме желби и интерес за уште подлабока соработка меѓу владите и народите на двете земји во новата година. – Објави премиетор на Македонија, Зоран Заев на својот фејсбук профил.