Претежно облачно со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Минималната дневна температура во Скопје ќе изнесува 0, а максималната ќе достигне 4 степени.

Денеска дневните температури ќе бидат пониски од вчерашните, а на повисоките места ќе се формира обемна снежна покривка.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на П.Шапка ,Стража,Маврово ,Гостивар,Дебар Крушево,Кичево и на планинските превои Буково,Ѓавато и Пресека.

Намалена видливост до 50 м поради магла има на планинскиот превој Ѓавато.

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.