Експерименталниот лек против ковид-19 на компанијата „Мерк“, „молнупиравир“, ќе мора да се консумира со додатни лекарства, во таканаречен „ковид-коктел“, со цел да се намали ризикот дека вирусот ќе го надмудри третманот, смета директорот на „Велком“, Џереми Ферар, а пренесува „Блумберг“.

Иако допрво треба да добие одобрение од регулаторите, „молнупиравир“ се смета за врвно достигнување во борбата против коронавирусот, бидејќи може да биде релативно евтин и лесен за производство, а за време на испитувањата покажа дека го намалува ризикот од хоспитализација до 50 отсто кај заболените со мали и благи симптоми.

Помислата дека можете да имате лек што се пие и би можеле да го земете веднаш штом имате дури и најмала сомнеж дека сте инфицирани е огромен чекор напред во борбата против вирусот на глобално ниво – изјави Фарар, кој сепак, смета дека постои шанса вирусот да го „надмудри“ лекот и да ги избегне неговите ефекти.

Отпоротноста на лекови се јавува кога вирусите и бактериите се развиваат и го надвладуваат механизмот на лековите. Фарар сугерира дека и покрај оптимизмот и добрите резултати од истражувањата за лекот, пилулата на „Мерк“ исто така нема да биде исклучок.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Дали знаете што е нарколепсија? Можеби ја имате ако премногу ви се спие!
Следната статијаКолку долго траат антителата по примање на трета доза од вакцина?

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде