Од печат излезе 82 книга во едицијата „Филозофија“ на издавачката куќа „Аз-Буки“. Станува збор за книгата „Филозофија и книжевност“ чиј автор е проф. д-р Иван Чепароски, професор по естетика и историја на естетика при Институтот за филозофија на Филозофски факултет во Скопје.

На повеќе од двесте страници изнесени се филозофски промислувања за релацијата помеѓу филозофијата и книжевноста, односно рефлексии за суштествените аспекти на односите меѓу нив. Според зборовите на авторот, книгата треба да се прифати како можен вовед во реализација на неговата замисла и понатамошна цел – објавување на една систематска студија под наслов „Филозофија на книжевноста“.

Книгата „Филозофија и книжевност“ ги истакнува сличностите и точките на допирање на филозофијата како дициплина и книжевноста како посебен тип на уметност. Книгата опфаќа интердисциплинарен пристап. За македонските читатели е достапна во книжарницата „Или-Или“.

 

Можеби ќе ве интересира:

Збирка научнофанстастични раскази „Денот кога заборавивме да плачеме“ го ангажира читателот во разликување на ВИ авторство и човечко авторство