Според студијата направена во Германија, „Наиса тестот“ е дополнително развиен и сега кај пациентите освен моменталната состојба можно е да се предвиди и натамошниот тек на болеста.
„Наиса“ е попрецизен дури за 500 пати од останатите тестови. Со тестот се утврдува точното ниво на антитела во крвта, што е од големо значење за лечење со крвна плазма. Покрај оваа, српскиот тест има уште една предност, односно може да го предвиди текот на инфекцијата.