Новата студија спроведена од Монделез Интернешнл, сопственик на славната чоколада од марката Милка, открива дека 77% од испитаниците на Балканот сметаат дека денес има помала нежност од кога тие биле деца.
• Поради недостаток на нежност, 47% од испитаниците се чувствуваат осамено и 25% вознемирени
• Дури 73% од испитаниците велат дека нежноста е одговорна за посреќно општество, а 67% од нив дека поголема нежност придонесува за подобра ментална состојба
* Истражувањето на тема нежност е спроведено во периодот од 12 октомври до 6 ноември 2020 година и опфати 20 000 испитаници постари од 18 години, во Австрија, Франција, Германија, Холандија, Русија, Полска, Шпанија, Романија, Бугарија и Србија.
Сепак, не е сè толку црно. Имено, 82% од испитаниците велат дека во ова време на пандемија повеќе размислуваат за своето семејство и другите.
Исто така, луѓето повеќе сакаат да покажат нежност. Најчестиот израз на нежност е прегратка. Секој петти испитаник изјавил дека тоа ги прави другите да се чувствуваат подобро, додека дури 70% од нив рекле дека тоа едноставно ги прави среќни.
Николас Христакис, професор по општествени и природни науки на универзитетот Јеил, ги коментираше резултатите од истражувањето:
–Кога комуницирате љубезно со сограѓаните, кои не ги познавате, – особено кога е неочекувано и инспирирано од вистинско чувство на емпатија, тоа помага да се создаде каскади на доблести.
Луѓето сакаат да примаат, но – дури и повеќе од тоа – луѓето сакаат да даваат нежност, сфаќаат дека колку се понежни кон другите, вклучително и сограѓаните, не само кон семејството, светот може да биде подобро место.
–Резултатите од истражувањето дополнително потврдуваат дека нежноста е однесување кое сите сакаме да го гледаме повеќе во нашето секојдневие.
Имено, 73% од испитаниците ја поврзуваат нежноста со посреќно општество, а над 67% велат дека тоа би придонело за подобро ментална состојба за сите. Едноставно, покажувањето поголема грижа, искреност и простување ќе го зголеми нашето верување дека човештвото може да биде понежно, сметаат испитаниците .