Поскапата струја и зголемените цени на репроматеријалите ги поскапеа услугите во државата. Дел од фризерниците во градот, од Нова година наваму, ги покачија цените на фризерските услуги за 20 отсто. Нема веќе шишање за 150 денари, фенирање за 150 денари, фарбање за 100 денари и бричење за 50 денари.

Освен фризерските услуги, поскапени се и оние козметичките. Од козметичките салони велат дека, освен струјата, поскапени се и козметиката и репроматеријалите за 20 до 30 отсто, па поради тоа, мораат да ги зголемат и цените на услугите.

Така, на пример, третман за лице од 500 денари сега чини 600, депилација на нозе од 400 сега е 550 денари…

По поскапувањето на храната, енергенсите и на горивата, поскапеа и цените на услугите во државата.

Многу занаетчии како фризери, козметичари, автомеханичари, чевлари… ги зголемија цените на услугите, а оние што сè уште работат по стари цени, размислуваат наскоро да го направат тоа.

Занаетчиите, пак, кои ни со зголемени цени на услугите не можат да опстанат, размислуваат да ги затворат дуќаните, бидејќи, како што велат, сметките отишле до плафон, а заработката е сведена на минимум.

Дел од фризерниците во градот, од Нова година наваму, ги покачија цените за фризерските услуги за 20 отсто. Нема веќе шишање за 150 денари, фенирање за 150 денари, фарбање за 100 денари и бричење за 50 денари.