Во најновото издание на емисијата „Мој збор“, Бранко Брковиќ ја споделува својата лична животна исповед, говорејќи во прво лице за искуството со правосудниот систем и последиците што ги оставил врз неговото семејство.

Тој раскажува како, и покрај тоа што бил неправедно обинет, се соочил со долготрајна и исцрпувачка правна битка. Според него, судскиот процес често наликува на коцка – вложувате време, средства и енергија за да ја докажете вистината, но дури и кога правдата формално ќе биде на ваша страна, штетата останува.

Брковиќ вели дека бил неправедно обвинет за семејно насилство, обвинување кое подоцна било користено како аргумент за ограничување на неговите средби со детето. По години докажување, како што наведува, исходот е нарушен однос и отуѓено дете кое не сака контакт со него, иако тој тврди дека никогаш не дал повод за такво однесување.

Целото интервју можете да го погледнете на линкот подолу.