Согласно анализите на МАНУ докажано е дека не постои нов тип на коронавирус во Македонија.
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска ги соопшти резултатите од анализите на МАНУ.
Истражувањето е поттикнато од појава на новиот тип на коронавирус во Велика Британија.
За среќа во Македонија не е забележана мутација на коронавирусот што значи дека стратегијата за заштита ќе остане иста, базирана на досегашните сознанија за коронавирусот.