Новинари за човекови права во соработка со Федералното министерство за социјални работни, здравје и грижа за потрошувачите организираше настан „Стопли детско срце“ посветен на деца во социјален ризик.

Овој настан се организира веќе трета година токму пред празниците кога, социјалниот јаз и ризик најмногу ги погодуваат децата. Децата и нивните семејства кои се на маргините, не можат да обезбедат пристојни услови за живот и домување, поради што празниците даваат дополнително негативна димензија на нивната состојба. Со цел надминување на овие состојби, но и пружање на поддршка, настанот „Стопли детско срце“ покрај социјална димензија, има и хуманитарен карактер. Во соработка со општествено одговорни компании и други општествени чинители, оваа година неколку деца и семејства ќе бидат израдувани со новогодишно пакетче.

Децата се најзасегнати од социјалните ризици и нив им е потребна најголема заштита, помош и поддршка. Секоја година, на светско рамниште, расте бројот на деца кои се засегнати од сиромаштија, немање пристап до питка вода, живеат во субстандардни услови или немаат пристап до примарна здравствена заштита, истакна Харалд Фугер, аташе за социјални работи на австриската амбасата во Македонија.

Проектот е поддржан и од Центарот за социјални работи во Скопје, а во рамките на објект на Центарот за социјална работа е отстапен простор за формирање на дневен центар за згрижување на деца кои се во социјален ризик. Директорот на Центарот за социјални работи Хамза Амети истакна дека во борбата против социјалниот ризик, секој е важен и сите треба да покажат алтризам и со големо внимание да постапуваат кон оваа тема.

Овој проект не треба да е крајно нешто, туку треба да продолжи понатаму. Во нашата држава има луѓе кои се алтруисти, но понекогаш е потребно малку поттик од другите страни да го дадеме својот максимум. Нашата институција дава поддршка на вакви проекти, истакна Хамза Амети, директор на Центарот за социјална работа во Скопје.

Координатор на проектот е Андреа Накова од Новинари за човекови права. Таа ја истакна важноста на вмрежување на различни општествени чинители за соодветно соочување со социјалните ризици и превенција од запаѓање во маргините на општеството што е секојдневна закана за голем број граѓани и глобално население.

Со овој проект обезбедуваме целосна системска поддршка на деца во ризик и нивните семејства, како и на граѓани кои се на маргините во општеството. Па така како што ќе нудиме згрижување на деца во предучилишна возраст, така туторство и помош за училиште на повозрасни деца, продолжуваме и со помош на родителите се со цел нивно вработување или усовршување, обука и волонерства во соработка со општествено одговорни компании, истакна координаторката на овој проект Андреа Накова.

Проектот „Стопли детско срце“ е дел од низата социјални и хуманитарни проекти „Зајакнување на иднината“ кои ги организира невладината организација Новинари за човекови права во соработка со други меѓународни и домашни институции и организации а кои се посветени на превенција од социјлен ризик и заштита на децата и нивните семејства кои се погодени од сиромаштија и други типови на социјални кризи и ризици. Во јуни 2025 година е најавено отворањето на Дневниот центар кој ќе згрижува деца од социјално најзагрозените семејства низ Скопје.

 

Можеби ќе ве интересира:

Новинари за човекови права: Скопје се уште нема функционален јавен тоалет!