Револуцијата се води во име на угнетените, но не ја водат угнетените, туку оние кои имаат образование, знаење, информации, време, пари, ситуираност, добар социјален капитал и општо позадина да можат да се справат со тоа.
Дека некој сиромашен работник кој работи 12 часа на ден со само една недела одмор, кој се мачи во долгови затоа што едвај може да ја плати собата на станар, кој нон-стоп посетува лекар затоа што му е уништено здравјето на работа или студент кој е бара да ги заврши студиите и да преживее во главниот град или мигрант/имигрант кој буквално гледа како да извади жива глава од челустите на административно-репресивните државни служби, дека некој од нив ќе води револуција, ќе се занимава со политика, дека има време дури и да вложи една секунда – тоа е чиста утопија.
Значи, напред „салонски“ левичари! Ние немаме други.
Автор: Билјана Жикиќ